За нас

За нас

Компанијата АКВА ПЛАНЕТ ја создадовме во 2001 година како семејна фирма, за набргу да прераснеме во компанија со повеќе од 20 вработени, сместени во простор од преку 800 м2, каде што можeте да најдете прeку 2000 различни артикли наменети за одржување, опремување и уредување на вашиот животен и работен простор. Кај нас можете да најдете голем избор на галантерија и опрема за уредување на купатила од најпознатите произведители во Европа, како и богат избор на бои и лакови, железарија, браварија, електрика, машини и алати. Покрај тоа АКВА ПЛАНЕТ има производство на п.е. фолии наменети за потребите во градежништвото и индустријата, како и продажба на стреч фолија.

Овде, се разбира, целосно ви стои на располагање и нашиот тим со своето искуство и знаење ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор кој целосно ќе ги задоволи Вашите потреби. Кај нас, не само што имаме огромен избор на галантерија и опрема за уредување на кујни и купатила, туку и можност нашиот тим да ви изработи детален приказ на истите во 3Д, така да ке можете да го видите Вашето купатило уште пред истото да биде изработено.