За нас


Компанијата АКВА ПЛАНЕТ ја создадовме во 2001 година како семејна фирма, за набргу да прераснеме во компанија со 24 вработени, сместени во простор од 800 м2, каде што можeте да најдете повеќе од 2.000 различни артикли наменети за одржување, опремување и уредување на вашиот животен и работен простор. Нудиме голем избор на галантерија и опрема за купатила од најпознатите произведители во Европа, како и богат избор на бои и лакови, железарија, браварија, електро материјали, машини и алати. Тимот на АКВА ПЛАНЕТ, во секое време ви стои на располагање и со своето искуство и знаење ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор што целосно ќе ги задоволи Вашите потреби. Покрај тоа АКВА ПЛАНЕТ се занимава и со производство на ПЕ фолии наменети за градежништвото и индустријата, како и со продажба на стреч фолија.

...

Слободно може да кажеме дека сервисирањето, монтажата и одржувањето на водоводните инсталации е предходник и основата во создавањето на АКВА ПЛАНЕТ. Овој занает, како семејна традиција, е носечка сила на нашата компанија. Искуството што го стекнавме низ работењето во оваа област, ни помогна да ги согледаме потребите на нашите ценети купувачи и да бидеме во состојба да им дадеме комплетна услуга. Со еден збор создадовме место каде што можете да најдете се што ви е потребно за Вашата бања, водовод,...при изградна или реновирање на домот или деловниот објект, но тука е и нашиот тим да ги резализира во реалност Вашите желби и потреби. Со цел да бидеме што е можно попрофесионални, вработивме стручни лица - дипломирани инженери архитекти кои поседуваат лиценца „Б“ за проектирање и изведба.

...
...

АКВА ПЛАНЕТ располага со тим од десетина искусни водоинсталатери кои се оспособени да извршат стручен сервис и монтажа на вововодната инсталација кога градите или го реновирате вашиот животен или работен простор, како и тогаш кога ќе ви се јават проблеми во водоводната мрежа. АКВА ПЛАНЕТ изведува комплетно реновирање на станови, работни простории и на сите други деловни објекти. При проектирањето изработуваме и три-димензионална анимација, со што добивате целосна слика за просторот уште пред неговата изведба.